Наместо тешките торти и десерти, во лето потребата од слатко можеме да ја задоволиме со вакви лесни ледени задоволства кои се навистина вкусни и немаат многу калории како например чоколадната торта.
Шејкот се приготвува лесно и брзо и еве што ќе ви биде потребно:
100 гр кисело млеко, може и овошно
2 супени лажици мармалад од вишни
2-3 парчиња бисквити
Пастеризирано млеко
Шлаг и свежи цреши или вишни за декорација
Сите компоненти се обработуваат во блендер. По желба се додава студено млеко ако ви е премногу густа смесата. Се исипува содржината во висока чаша и се украсува од горе со шлаг и свежи цреши или вишна.
