Малите лаги може да изгледаат безопасно, но криењето на вистината всушност нанесува штета на физичкото и психичкото здравје.
Луѓето кои свесно се стремат да кажуваат помалку невистини и лаги, многу помали се шансите тие да се чувствуваат напрегнати или тажни и исто така страдаат помалку од настинки, главоболки, тахикардија, висок крвен притисок и сл. Искрените луѓе имаат исто така поквалитетни врски и социјални контакти многу подобри од оние на на лажговците , покажа студијата спроведена во универзитетот на Нотр Дам.
Доброволците кои учествувале во експериментот биле поделени во две групи. Првата група добила инструкции да се служат со големи и мали лаги во комуникацијата со другите, а втората група требало постојано да ја зборува само вистината.
И двете групи ја посетувале лабораторијата еднаш седмично за да ги направат сите неопходни тестови што ќе дадат целосна слика за нивната здравствена состојба.
И еве што покажал експериментот:
Учесниците кои требало да ја зборуваат само вистината на крај имале 4 пати помалку психички проблеми како стрес, напнатост, анксиозност, депресија, апатија, вознемиреност, безволност и слично и 3 пати помалку физички здравствени проблеми. Освен тоа физичкото и психичкото здравје на овие луѓе драстично се подобрило за разлика од претходно.
Освен што на лагата и се кратки нозете, еве уште една добра причина зошто треба да се откажеме од ваквата лоша навика. Освен тоа лагата е особина на слабокарактерни луѓе кои немаат смелост да се соочат со реалноста и последиците.
