Јагодите перфектно ги избелуваат забите, рицинусово масло за сјај на косата, кокосот ја враќа влажноста, лимонот ја осветлува косата…
Ова се само дел од триковите кои навистина ќе ви помогнат, а еве уште неколку:
Црниот чај ги смирува изгорениците од сонце. Танинот помага да се смири кожата доколку е изгорена од претерано изложување на сонце. Направете една купка со црн чај и ќе се уверите.
Доколку сакате ноктите да ви пораснат побрзо доволно е да ги масирате со маслиново масло.
Феферонките ја зголемуваат циркулацијата, па доколку ги јадете или ги нанесувате на косата таа побрзо ќе расте.
Мајонезот може да направи чудо од вашата коса. Доволно е да ставите мајонез како маска на вашата коса, десет минути пред да ја измиете. Вашата коса ќе биде мека и сјајна.