Мојата кујна

Салата „Торта“

Многу вкусна салата која поради својот богат состав може да послужи како основно јадење.  Еве што се ви е потребно:

5-6 компири

100 гр сирење

100 гр кашкавал

200 гр мајонез

2-3 јајца

300 гр слатка пченка од конзерва

5-6 кисели краставички

100 -200 гр шунка

Во голема чинија една по една се рендаат намирниците почнувајќи по следниот редослед: сварениот компир, сирењето, кашкавалот, шунката, јајцата, киселите краставички, пченката, и се додава малку од мајонезот и така се подредуваат се додека не се потрошат намирниците. Најгоре се декорира со црни или зелени маслинки. Се сервира ладна, исечена со форма на тријаголник.

Write A Comment