Потребни состојки:
– 115 гр путер
– 90 гр шеќер
– 90 гр засладено млеко
– 150 гр брашно
– 1 лажичка пециво
– 20 гр какао
– 65 гр киндер чоколада

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Измешајте ги брашното, пецивото и какаото. Пенесто изматете го путерот, додајте го млекото, па измешајте со маталка. Кога смесата ќе се изедначи ставете го брашното со какаото и пецивото. Киндер чоколадцата исецкајте ги на ситни парчиња, па додајте ги во смесата. Убаво измешајте го тестото со лажица, па земете од смесата во количина од еден орев и наредете ги колачите на плех обложен со хартија за печење. Секое парче кога го спуштате на хартијата притиснете го со прстот на средината. Печете ги 12 минути.
