За шминкањето на очите најважно е да знаете како правилно се користи моливчето и како правилно се нанесува сенката. Ако ги знаете овие две работи, се останато потоа се само финеси. Најголемата трансформација на окото се должи токму од нанесувањето на молив и сенка. На фотографијата подолу детално е објасната целата постапка. За дневна шминка наместо црн молив, препорачуваме кафеави нијанси или умерено темна сива боја. За дневна шминка најсоодветни се пастелни сенки во комбинација со безбоен сјај за усни.


За постигнување професионални резултати во шминкањето неопходни ви се квалитетен сет четки за апликација на шминка. Дури 50% добро нанесената шминка зависи од тоа какви четки користите за целта. Еве како изгледа еден професионален сет:

