При изборот на бои во домот има неколку основни правила и ако се раководите според нив, ќе ги избегнете грешките кои се јавуваат како последица од неправилно мешање бои и поставување премногу акценти.
Првото правило гласи дека во домот или конкретната просторија треба да има една основна боја на која се надоврзува главниот акцент и уште неколку споредни. Најчесто основната боја е смирена и неутрална, а главниот акцент е жива, впечатлива боја што ќе создаде контраст. Например основна боја млечно бела, со главен акцент во црвена боја и како споредни акценти црни детали и декорација.
Во галеријата ќе најдете најразлични комбинации на бои и умешно поставени акценти.


























