Повеќето од нас, жените имаме преполн гардеробер облека, аксесоари, чевли и што ли уште не, но секогаш стоиме пред него со мислата: „Немам што да облечам?!“ Позната фраза нели?
Треба да знаете дека во вашиот гардеробер има доволно парчиња што ако паметно ги искористите ќе направите барем неколку добри есенски комбинации. Погледнете ги овие едноставни аутфити подолу во галеријата, што ќе ви послужат како инспирација за тоа како правилно да го искомбинирате она што веќе го имате, за да добиете модерна есенска комбинација. Наместо да се фокусирате на новите есенски колекции, посветете внимание на вашиот гардеробер и искористете го максимално она што сте го купиле минатите сезони.






























