Потребни состојки:
– 2 зрели банани
– 2 лажици кафен шеќер
– 100 гр брашно
– половина лажичка пециво
– 2 лажици кокосово брашно
– масло
Подготовка:
Убаво испасирајте ги бананите со вилушка, во смесата ставете ги шеќерот, кокосот, брашното и пецивото. Убаво измешајте ги состојките.
Со помош на лажица ставете од смесата во загреано масло. Откако ќе заруменат извадете ги и ставете ги на хартиена салфета за да ја впие непотребната маснотија. Послужете ги со сладолед од ванила.
