Светски познатата пејачка Рита Ора се одлучи својот најнов видео запис за песната “Shine Ya Light” да го снима во својот роден град, Приштина.
Младата пејачка која е штитеничка на Џеј Зи, многу брзо стана светски позната. Таа е родена во Приштина во 1990 година, а веднаш по тоа семејно се преселиле.
Инаку Рита е во врска со Роб Кардашијан, помалиот брат на сестрите Кардашијан.
Во јавноста често пати Рита ја споредуваат со Ријана, пишувајќи дека таа е само нејзина бледа копија.
Тука ја имате ексклузивната можност да видите дел од снимањето на овој видео запис. Рита е облечена во црно кожно елече, носи високи чизми и кацига додека се вози на мотор по улиците на Приштина.
http://www.youtube.com/watch?v=yXK95F9VH6Y&feature=player_embedded
