Потребни состојки:
– 500 гр бисквити
– 250 гр ореви
– 100 гр суво грозје
– пудинг од ванила
– 0,5 л млеко
– 2 кесички ванила
– 250 гр шеќер во прав
– 1 маргарин
– чоколади за готвење
Подготовка:
Сварете го пудингот од ванила со млекото. Изладете го, па пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Во него ставете го и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса издробете ги бисквитите, па додадете ги сецканите ореви и сувото грозје. Растопете ги двете чоколади и половина ставете во филот, а половина оставете ја настрана. Наредете еден ред со бисквити кои ќе ги потопите во млеко, па одозгора сипете од растопената чоколада. Ставете ја целата смеса која ја подготвивте и посипете ја чоколадата со какао.

2 коментари
Pocituvani postot ne vi e dopishan.. Da pishevte kolku margarin treba receptata ke beshe potpolna… Blagodaram odnapred
Во подготовката стои маргаринот, а сега е направено дообјаснување дека станува збор за еден маргарин. Ви благодарам за примедбата:)