Потребни состојки:
– 3 чаши јогурт
– 1 чаша од јогурт масло
– 2 чаши од јогурт шеќер
– 1 и пол чаша од јогурт гриз
– 1 ванилин шеќер
– 1 пециво
– 2 тегли компот од вишни
– 1 пакување кори
Подготовка:
Измешајте ги состојките. На првата кора ставете 5 лажици од смесата и размачкајте ја по целата кора. Ставете уште една кора и повторете ја постапката се додека не дојдете до 4-та кора. На половина од површината ставете ги вишните без семки. Свиткајте ролат. Одозгора премачкајте го ролатот со масло. Повторете го истото со остатокот од состојките.
Печете на 180 степени околу 45 минути.
