Потребни состојки:
– 1 кг компири
– 200 мл млеко
– малку путер
– една чаша павлака
– 2 чешниња лук
– 1 главица кромид
– зачини по вкус
Подготовка:
Во млекото ставете ја павлаката, па веднаш ставете го исецканиот компир на парчиња, ни премногу тенки и премногу дебели. Ставете го ситно исецканиот лук и кромид и зачинете. Варете на кратко, а веднаш потоа сипете ја смесата во огноотпорен сад, ставете малку путер одозгора и печете на 200 степени додека не зарумени.
