Широко распространет е митот дека организмот се чисти од токсините со глад. Всушност подобро од гладувањето е конзумацијата на точно определени намирници по точно определен начин за да се постигне максимален ефект.
Темнозелениот зеленчук
Темнозелениот зеленчук е на врвот на пирамидата намиринци одговорни за чистење на телото од токсини и слободни радикали кои се многу опасни по здравјето и изразено карциногени.
Зелениот зеленчук содржи многу растителни влакна, вода, ензими, антиоксиданси и фитонутриенти. Во оваа група зеленчук припаѓаат рукола, марула, спанаќ, брокули и спанаќ.
Луто
Лутите пиперки буквално предизвикуваат пожар во дигестивниот систем и индиректно помагаат да се активира процесот на согорување калории. Истовремено го обновува ткивото и го стимулира метаболизмот.
Помалку месо
Ограничена конзумација на месо не значи дека ќе се лишите од хранливи материи и дека нешто ќе ви недостига. Токму обратно, она месо што денес се јаде е преполно со карциногени супстанции, токсини, хормони, конзерванси, емулгатори и што ли уште не. Сведете ја на минимум конзумацијата на преработено и конзервирано месо, сувомеснато и сл. Изберете бело посно месо и риба. Во интерес на вашето добро здравје, заборавете на прженото месо.
Свежа салата секојдневно и чаша свежо цеден овошен сок ќе направат за вашето здравје нешто што ни најскапите суплементи и додатоци во исхраната не можат!
Пијте многу вода и зелен чај за да овозможите токсините полесно да се исфрлат од организмот.
