Дали сте почувствувале дека после трчање, слатко смеење или после сексуален однос се чувствувате подобро?
Доброто расположение има научно објаснување. Кај некои луѓе може да трае и до 12 часови, а е последица на ослободување на ендорфин во мозокот. Ендорфинот е таканаречениот хормон на среќата, влијае на смалување на болките и предизвикува еуфорија. Има неколку трикови кои можат да ви помогнат да го поттикнете неговото ослободување.
Размислувајте позитивно – ако се убедите дека нешто може да ви помогне, обично тоа помага. Позитивните мисли предизвикуваат ослободување на ендорфин во мозокот.
Вежбање – редовното трчање предизвикува задоволство, исто важи за секоја спортска активност која вклучува активација на мускулите.
Водење љубов – оргазмот е одличен начин да го поткренете нивото на ендорфин. Ако вежбате, потребен е еден час за да почне ослободување на ендорфин, а додека сексот е многу побрз и позабавен начин да се постигне истото.
Јадење чоколада – чоколадата може да предизвика зависност, таа е многу слична со дрога. Зависноста доаѓа од ендорфинот што се ослободува при јадење на овие слатки задоволства.
Смејте се – смеењето е заразно, смеењето го продолжува животот, смеењето е среќа.
