Ако мислите дека е време да го освежите вашиот стајлинг со нова фризура или боја, погледнете ги најпрво најновите предлози.
Ние сосема накратко ќе ви кажеме како изгледаат последните актуелни тенденции:
Без разлика што речиси секоја сезона се раѓа нов тренд има некои нешта кои си остануваат вечна класика, а тоа секако се кафејавата, русата и црната боја за коса. Ако на вашиот тен му одговара токму таа боја, нема зошто да ја менувате раководејќи се според сезонскиот тренд.
А што е најново? Ултра популарен е омбре ефектот, црвените и виолетови нијанси врз цела коса или пак прамени.
Формите на фризурата можат да бидат најразлични, а она најважното е формата на косата да одговара на формата на вашето лице. Се друго е второстепено.


























