Новите тенденции во областа на маникирот ви овозможуваат да експериментирате почнувајќи од наједноставниот лесен дизајн па до оној со впечатлива декорација, бидејќи и двете техники се подеднакво актуелни, а што ќе изберете зависи од вашиот вкус и стил.
Погледнете го најновиот дизајнерски бран во светот на маникирот и како што гледате преовладуваат богато украсените нокти за кои слободно можеме да кажеме дека ја имаат истата улога како накит.
Во однос на обликувањето на ноктите, заоблената форма го има дефинитивно првото место.





















