Шанел оваа сезона не враќа многу назад во минатото, поточно некаде помеѓу 16-от и 17-от век и како што ќе видите целата колекција е инспирирана од модата во тоа време, но секако прилагодена на денешницата.
Можеби не сите модели кои ќе ги видите во колекцијата се реално носиви во секојдневието, но мора да обрнете внимание на боите и дезените кои преовладуваат и специфичниот начин на нивното комбинирање, бидејќи токму тоа е она што е апсолутен хит сезонава.


































