Џинс во било која комбинација! Еве како изгледаат актуелните џинс парчиња наменети за оваа сезона: изберете темни фармерки со едноставен крој што ќе ја следи линијата на телото и полека се стеснува надолу и овој пат изберете сосема исчистен модел без апликации или било какви детали. Подеднакво модерни се и тексас кошулите во сите нијанси на џинсот.
Освен тоа како што ќе видите во галеријата карираните кошули и плетените џемпери, како и волнените елечиња се парчиња гардероба кои најдобро се вклопуваат со новиот џинс.























