Sweet Home

11 Причини зашто да постелите теписи низ домот

Денес теписите се многу популарни. Тепихот е најпрактична, сестрана и модерна опција за прекривање на подот. На ова ќе додадеме дека теписите ја прават една третина од нарачките за подни облоги секоја година. Всушност тие ја сочинуваат главнината од сите видови на подни облоги веќе повеќе од 60 години.

Тепихот ви дава многубројни предности кои ги немате кај останатите подни облоги. 11-те својства кои тепихот ќе му ги додаде на секој дом се:
1. Тепихот е совршен избор за вашата дневна, спална или друга соба, во која сакате топлина под вашите нозе.

2. Тепихот ќе ви овозможи дополнителен слој на изолација помеѓу подовите во вашата куќа. Зависно од дебелината и густината на тепихот, тој придонесува за термоизолациската вредност на вашиот дом. Резултат на тоа е подобрување на ефикасноста при намалување на потрошувачката на електрична енергија.

3. На местата каде имате тепих не можете да се лизгате. Ова ќе ги спречи незгодните падови, истите и ќе ги омекне доколку се случат.

4. Редукцијата на звуците е уште една предност во користењето на теписите. Ја намалуваат јачината на звуците подобро од било кој друг вид на подни облоги. Тепихот ја намалува буката на три начини: намалување на јачината на звукот при одење, блокирање на преносот на звуците и апсорпцијата на звуците од воздухот. Овие квалитети се многу корисни ако живеете во стан.

5. Доколку сакате да закамуфлирате некое оштетување на подот или да сокриете од погледите некој друг проблем, како што е искривен паркет, тогаш само ставете тепих одозгора и проблемот е решен.

6. Грижата за теписите е лесна. Отпорни се на дамки, што го олеснува чистењето и на најтврдокорните дамки и најлошите истурени пијалаци.

7. Неколку истражувања откриле дека теписите ги задржуваат прашината и други алергени. Меѓутоа, тепихот мора правилно да се чисти и одржува.

8. Теписите можат да се користат на различни начини. Без проблем тепихот може да се стави на скалила, ѕидови и други површини од различна височина.

9. Бидејќи постојат теписи од различни бои и текстури, тие можат да помогнат во обликување на безброј можности при декорирање на домот.

10. Теписите не се скапи, ако се земе во предвид дека се поефтина варијанта на останатите видови на скапи подни облоги. Сигурно е дека нема да го платите колку би ги платиле останатите тврди подлоги.

11. Денес теписите се многу долготрајни и имаат подолг век од повеќето други видови на подни облоги. Се што треба да направите е да изберете тепих кој ќе има животен век од 5-30 години.

Напиши коментар