Бањата е местото каде вообичаено при чистење се задржуваме најдолго време. На секого му паѓа мрак пред очите кога требна да се исчисти бањата.
Со овие совети тоа ќе се направи без никаков напор.
Валкана туш завеса
Овие завеси може тешко да се чистат, бидејќи тие се големи и тешки.
Чистење на мувлата во бањата, особено за време на влажно време, може да биде вистински напор. Но, постои решение кое е брзо, лесно и ефтино: во пластичен сад се става околу 4 литри вода и половина чаша варикина. Со користење на гумени ракавици се натопува сунѓер во оваа смеса и се чисти завесата и мувлата. На крај завесата се плакне со вода.
Бигор на славините и тушевите
Нема потреба да се купуваат скапи средства за чистење на овие површини. Заштедете време и пари со тоа што ќе направите паста од еднаква количина на сода бикарбона и сок од лимон. Сo стара четкичка за заби, се нанесува од пастата на славините и другите метални делови. Се остава да отстои пастата неколку минути, а потоа се бришат славините. Ќе светат како нови.
Матно огледало
Чистењето на огледалата и стаклените кабини за туширање ќе бидат најмал проблеми ако се исчистат со помош на неколку состојки, кои можат да се најдат во секое домаќинство: оцет, сол и сода бикарбона. Стаклата се прскаат само со оцет и се оставаат неколку минути. После тоа, се прави паста со еднаква количина на сода бикарбона и сол. Со помош на сунѓер се нанесува пастата на површината. Се чисти кабината, а потоа се плакне.
