Art & Crafts

Гајба со нежни пеперутки

Денес ќе Ви покажеме како една навидум обична гајба наоѓа совршена примена. На пример, таа може да стои во дневната соба,  спалната  или детската соба, па сè до балконот.

Во дневната соба можете да ја користите за малите перничиња коишто во моментот не Ви се потребни или за списанијата и весниците коишто секојдневно ги купувате и добро ќе биде да најдат место токму во гајбата.

Исто така, можете да ја користите и за собирање на старите весници коишто веќе не Ви требааат.

Во спалната соба таа може совршено да се вклопи како наткасна до креветот или (како што можете да видите од фотографиите) над гајбата да ставите една дрвена обична плотна, па таа ќе изгледа совршено и уникатно…такво нешто во ниту еден салон за мебел дефинитивно нема да најдете.

Во детската соба гајбата можете да ја користите за играчките на Вашето дете, така што тие ќе бидат секогаш на едно место и добро средени и во време кога  тоа не игра со нив.

На балкон можете да ја користите за да ставете неколку саксии со цвеќиња или, пак, да ја употребите за складирање на тиквите што планирате во текот на зимата да ги печете.

Значи, таа совршено се вклопува во секоја од наведениве простории, односно секаде можете да ја ставите и да изгледа компатибилно. Но, доколку сметате дека Ви требаат такви гајби во повеќе простории, тогаш направете неколку со различен дизајн и  нема да погрешите.

Гајбите се добри мали плакари,нели!

 

Write A Comment