← НАЗАД НА БОЗА

Избор на подна облога

Избор на подна облога
3159 Читања

На пазарот денес се нудат голем број на подни облоги кои, во согласност со трендовите, постојано се усовршуваат и добиваат нови функционалности. Големата понуда на подни облоги знае да биде и проблем при изборот на најдоброто решение, особено кога станува збор за уредување на повеќе простории.


Пред купување на подна облога, треба со сигурност да се утврдат димензиите на површината која треба да се обложи (пожелно е и изработка на скица).

Подната облога со изгледот и стилот треба да вклопуваат во севкупното уредување на домот.

При избор на бојата на подната облога треба да се знае фактот дека светлите површини рефлектираат голем дел од дневната светлост, за разлика од потемните кај кои треба да се употребат повеќе вештачки извори на светлина за да се добие саканото осветлување. Кај светлите површини повеќе се забележуваат разни дамки, додека кај потемните повеќе се забележува прашината и трошките.

Мазните подлоги се полесни за чистење, миење и воопшто за одржување, но можат да бидат и лизгави. Подните облоги со релјефна површина обично ја намалуваат можноста за лизнување, но кај нив потешко се отстрануваат нечистотиите, а и сапуницата.

Простории каде се поставува подната облога

Кујни –  ПВЦ облога, керамички плочки, дрво, ламинат
Бањи – ПВЦ облога, керамички плочки, некои понови ламинатни и дрвени подови предвидени за оваа намена
Дневни соби – дрвен под, теписи од разни материјали
Трпезарии –  дрво, ламинат или керамички плочки, помалку чувствителни теписи
Спални соби –  дрво, ламинат, теписи
Ходници и скали –  дрво, керамички плочки, ламинат

Многу важен е и мебелот на просторијата во која сакате да ја уредите (дали просторијата е прометна, дали по неа ќе трчаат и ќе се играат деца и/или домашни миленичиња).

Доколку некој од домашните страда од алергии, подобро е да се изберат мазни површини без теписи, теписони и слични простирки во кои се задржува прашина и нечистотии.

Во некои простории влагата е чест проблем. Пример за тоа се подрумските простории и некои простории на приземје кај кои поголемиот процент на влага доаѓа непосредно од земјата. Уште понеповолна околност е кога има слабо проветрување. Во овој случај треба да се избегнуваат дрвени материјали, како и теписи и други простирки под кои се задржува влагата. Доколку во домот имате подно греење, треба да се има во предвид фактот дека не секоја подна облога е погодна при ваков тип на греење.

При купување на подната облога распрашајте се за карактеристиките на материјалот на подната облога, како и за просечниот век на траење.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk