← НАЗАД НА БОЗА

Како да ја поправите скршената шминка?

Како да ја поправите скршената шминка?
1971 Читања

Колку пати ви се случило да го скршите руменилото или сенката за очи во ташна или да ви падне на тврда подлога, освен неред, тука е и скршениот производ, но и трошок за да купите уште еден.

За спасување ситуација потребно ви е :

1.алкохол – можете да го купите во аптека

2.метална шпатула – за ова може добро да ви дојде и долниот дел од лажицата, што подоцна ќе ја дезинфицирате

3.скршена сенка, руменило, пудра….

4.палома

Силно се надеваме дека скршената сенка и понатаму се наоѓа во кутијата. Со алкохолот дезинфицирајте ја металната шпатула и притиснете го производот до најситниот прав. Потоа додајте алкохол и полека почнете да матите. Цело време мешајте со шпатулата за да ги отстраните воздушните меурчиња.

Кога ќе ја постигнете посаканата густина, неколку пати чукнете ја кутијата и ќе приметите како ќе излезат останаттите воздушни меурчиња. Важно е тоа да го направите, бидејќи на деловите каде што воздухот ќе остане може да се случи повторно оваа подготовка да пукне.

Дозволете да отстои 25 до 35 минути. Калапот ставете го во марамче и стиснете најјако што можете на препаратот. Тоа би требало да трае 40 секунди. Кога ќе завршите оставете го препаратот на воздух еден ден, пред да почнете да го употребувате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk