Лешниците се здрави за срцето

Содржат повисоки нивоа на мононезаситени масти од било кои други ореви, и се добри за намалување на холестеролот кој може да ги блокира артериите.

Боровница за здрави очи

Темно синото овошје има високо ниво на антоцијани, растителни пигменти кои има антиоксиданти својства, од кои некои би можеле да го спречат развојот на туморот. Боровницата има анти воспалителни својства и добри се за здрави очи, бидејќи тоа помага во заштита на крвните садови и сврзно ткиво во окото, и го намалува ризикот од катаракта.

Капините ја зајакнуваат крвта

Ова овошје е богато со железо, од витално значење е за одржување на здравиот број на крвни зрнца и спречување на анемија. Тие содржат 1.85 мг на 100 грама, што е 23 % од препорачаната дневна доза,а количината е иста како да сте јаделе телешки стек. Тие исто така, се добар извор на витамин Ц и имаат високо ниво на ресвератол, антиоксиданс кој се наоѓа во црвеното вино, а за кој се смета дека го “чисти” телото од штетни материи.

Напиши коментар