← НАЗАД НА БОЗА

Кауч за удобност на дневната соба

Кауч за удобност на дневната соба
2440 Читања

Внимателно одбраниот мебел за седење е клучот за создавање дневна соба во која ќе се чувствуваме удобно и опуштено. Начинот на кој парчето мебел е поставено во однос на другите исто така е важно, поради создавање приватен простор или пак место на собирање каде семејството и пријателите можат да седат и разговараат, или да гледаат телевизија.

Каучот кој е идеален за седење на две или повеќе лица, или во кој може едно лице и да прилегне, на дневната соба ќе и даде неслужбен и интимен амбиент. Со двоседите, троседите или со нивно комбинирање подобро се искористува просторот од колку со засебни фотелји. Соодветниот кауч нуди прилагодливо седење и идеален е за соби со неправилен облик.

Столиците и фотељите се совршен додаток на каучот. Столиците за повремено седење ја прават собата интересна. При купување на каучот или фотелјата, проверете како се однесува кога ќе седнете. Кога ќе станете, седалото треба да го поприми првобитниот изглед, со што и на друго лице ќе му биде пријатно за седење.

И кај добро обликуван кауч обидете се да откриете што се наоѓа под навлаката, за да бидете сигурни дека и рамката и поставата одговараат на вашите желби. Кога ќе прејдете со рака преку каучот, ни на едно место, под ткаенината, не треба да се напипа рамката, пружини или оков, бидејќи на тие места брзо ќе се излити.

За создавање на поинтимен амбиент може да изберете кауч со седала кои може да се поместуваат.

Навлаката која може да се пере во машина е идеална во случај кога е со светла боја или ако на неа често седат деца или домашни миленичиња.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk