Art & Crafts

Отворете пиво со лист хартија

Многу често ни се случува на некоја забава да немаме соодветен отворач за пиво и тогаш тука настапуваат дечките кои го знаат трикот со запалката.

Овој трик сме го виделе стотици пати. Се прави така што шишето го држиме блиску до тапата, а со запалката повлекуваме како со лост. Притоа, доколку нагло потегнеме ќе се слушне едно „флоп“, а тапата лета нагоре дополнувајќи го целиот ефект.

Сепак, отворањето шише со лист хартија е нешто што не може да се види толку често. Научете овој трик и да бидете уникатни на забавата или патувањето:)

 Процедурата….

Ако веќе знаете да отворите пиво со помош на запалка, отворањето со лист хартија ќе биде рутински дека дури и не треба да го вежбате. Се што ви треба е лист хартија А4 формат кој го користиме за фотокопирање. Нема разлика дали хартијата чиста или испечатена, било каква ќе ја постигне целта.

Едноставно хартија ја превиткуваме, прво на должина а потоа и на ширина и така натаму се додека хартијата не се добие форма на запалка. После процедурата е иста. Погледнете како се треба да изгледа на следното видео:

 

 

Напиши коментар