Art & Crafts

Сакате витко тело? Купете си куче

Сопствениците на куче пешачат повеќе, побрзо и водат подобар активен и физички живот благодарение на своите миленици, покажува најновата студија која ја пренесува Ројтерс.

– Фасцинирана сум колку кучињата можат да бидат големи мотиватори. Доколку со него редовно шетате, поголема е веројатноста да ги извршите секојдневните активности – вели доктор Сандра Мекун, ветеринарка.

Кучињата се причина што две третини од нивните сопственици редовно шетаат секој ден. Дури 44 отсто од сопствениците на кучиња над 65 години редовно вежбаат поради своето милениче, а децата редовно посетуваат паркови и поминуваат време на свеж воздух.

– Кучето е одличен спаринг партнер. Тој ви дава енергија, ентузијазам и социјална поддршка која е основна за редовно вежбање – вели фитнес инструкторката од Флорида, Ширли Арчер.

 

 

Напиши коментар