Најверојатно турско кафе знаете да подготвите но прашањето е дали вашата поставка е правилна, според истражувачите еве како треба да го направите кафето за да не изгуби од својата арома и вкус:
1. Ја ставате водата да поврие, а кафето ставете го директно во шолја,
2. Кога ќе поврие од оддалеченост од 2см. прелијте го кафето во шолјата,
3. Почепкајте десетина секунди и дури тогаш промешајте го
4. Не го консумирајте веднаш, туку почекајте талогот да слегне.
Ова најверојатно не е начинот на кој вие подготвувате турско кафе, а овој начин овозможува да го сочувате оригиналниот мирис и вкус кои делимично се губат во процесот на варење. Ништо не губите ако пробате, само може да добиете повкусно кафе за во иднина.
