Мојата кујна

Чизкејк од ананас

Состојки:

  • 500гр. ананас од конзерва
  • две тврди банани
  • 500 гр. немасна павлака за готвење
  • еден пудинг од ванила
  • 250мл. павлака за шлаг
  • 250гр. интегрален кекс

Подготовка:

Кексот се сомелува и се става во калап или сад по желба. Бананите исецкајте ги и прелијте ги со сок од ананас. Во друг сад, измешајте немасна павлака, сварен пудинг и исецкан ананас. Потоа десертот се спојува. Изматете шлаг и нанесете го преку десертот. Изладете го во фрижидер и послужете го десертот ладен.

 

Напиши коментар