Летните денови сакаме да ги поминуваме во нашиот двор или тераса. Сите сакаме тој простор од нашиот дом да биде удобен и создаден за релаксација и уживање.Ако веќе ви здосадија еднобојните и обични саксии, немора да купувате нови, доволно е истите тие да ги украсите.
Старите саксии може да добијат нов изглед, со тоа штоќе ги нацртате или пак ќе залепите украсна хартија.
Нашиот предолг е саксиите да ги обложите со цветна хартија.
Што ви е потребно:
Ножици, лепак или тапетол, четка, цветна хартија и саксии.
Пред се треба да ја исечаете хартијата во зависност од големината на саксиите, потоа да ја премачката саксијата со четката на која ќе има лепилото и полека да ја лепите хартијата.
На крај вашите саксии ќе добијат нов и убав изглед.

