Мојата кујна

Домашен сладолед од праски

Неверојатен вкус кој ги разнежува сите сетила !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 зрели праски

2 лажици ликер по желба (банана, чоколадо …)

2 лажици шеќер во прав

200 милилитри шампањ

Малку нане

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Праските засечете ги и накратко потопете ги во вода што врие. Веднаш потоа ставете ги под млаз вода, па излупете ја кората. Праските преполовете ги извадете ги семките и исечете ги на ситни парчиња. Парчињата праски прелејте ги со ликерот и измешајте убаво. Посипете ги со шеќер во прав и потоа испасирајте ги во блендер. На крај додадете го шампањот.

Добиената смеса ставете ја во метален сад и оставете ја во замрзнувач околу 8 часа.

Сладоледот од праски послужете го со декорација од листови нане.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар