Art & Crafts

Како брзо да го изладиме кафето?

Врелото миризливо кафе наутро звучи примамливо, но не сите имаме непце што може да издржи толку топло. За да не се изгорите или да не чекате додека кафето продобие понормална температура, ќе ви понудиме еден многу лесен трик како брзо да го оладите без да го изгуби добриот вкус.

Користете ледени коцки од кафе. Потребен ви е само најобичен сад за лед. Ако сте љубители на чисто кафе – замрзнете такво. Може да го исполните садот со млеко, капучино, макиато  и сл.

За сите кои го изгориле јазикот додека брзаат да излезат за на работа, ова може да е многу полезно. Дефинитивно е подобро отколку да ставате обичен лед што ќе го уништи добриот вкус на кафето.

 

Write A Comment