Сакате да ги изненадите гостите со некој вкусен десерт?! Сега ви даваме брилијантна идеја за тоа да направите десерт и пијалок во едно за само неколку минути.
Што ви е потребно?
6 чоколатца марс
700 мл. Вотка
Подготовка: чоколатцата скршете ги и ставете ги на тивок оган да се стопат, постојано мешајте додека не се стопи последна и карамелата. Смесата тргнете ја од оган и полека додека додавате вотка мешајте се додека не добие добра хомогена течност.
Потоа смесата процедете ја низ филтер за кафе, ставете ја во шише, а потоа во фрижидер. Вашиот ликер нема да се замрзне, само ќе стане густ и повкусен.