Art & Crafts

Необични употреби на маслиновото масло

Вадење мастика од коса,  најлесно вадење на шминка …дали сте сигурни дека знаете сè за маслиновото масло?

Отстранување на боја

Доколку Вашите раце ги намачкате со боја (каква и да било) или со некоја леплива супстанца која тешко се вади со вообичаено миење, истралајте ги рацете со смеса од маслиново масло и малку сол или шеќер. Бојата и лепливоста ќе исчезне а рацете ќе Ви бидат меки и нежни.

Вадење на шминка

Малку маслиново масло на памук и маскарата, моливчето или сенката, без разлика дали се воодотпорни или не, ќе бидат отстранети за миг.

Полирање на мебел

Мала лажичка маслиново масло малку сок од лимон и прашината од мебелот ќе исчезне, а во исто време ќе добиете сјаен мебел кој ќе ја одбива прашината.

Болка во грлото

Лажичка маслиново масло непосредно пред спиење или некој разговор ќе Ви помогне за чисто грло и јасен глас. Исто така е идеален лек против болки во грлото, една лажичка е доволна за да осетите инстантно подобрување.

Воспаление на ушите

Доколку имате имате инфекција или болки во ушите, најдобар лек за инстантно смирување е загреано маслиново масло во комбинација со сок од лук.

Мастика во коса

Доколку ви се случи да ви се залепи мастика на коса или некој друг предмет не очајувајте.  Доволно е само да нанесете маслиново масло врз мастиката, да почекате 10 минути и едноставно да ја извадите.

Одлепување на налепници

Натапкајте ја налепницата со маслиново масло, почекајте 5 минути и налепницата сама ќе отпадне.

1 Коментар

Напиши коментар