Вадење мастика од коса, најлесно вадење на шминка …дали сте сигурни дека знаете сè за маслиновото масло?
Отстранување на боја
Доколку Вашите раце ги намачкате со боја (каква и да било) или со некоја леплива супстанца која тешко се вади со вообичаено миење, истралајте ги рацете со смеса од маслиново масло и малку сол или шеќер. Бојата и лепливоста ќе исчезне а рацете ќе Ви бидат меки и нежни.
Вадење на шминка
Малку маслиново масло на памук и маскарата, моливчето или сенката, без разлика дали се воодотпорни или не, ќе бидат отстранети за миг.
Полирање на мебел
Мала лажичка маслиново масло малку сок од лимон и прашината од мебелот ќе исчезне, а во исто време ќе добиете сјаен мебел кој ќе ја одбива прашината.
Болка во грлото
Лажичка маслиново масло непосредно пред спиење или некој разговор ќе Ви помогне за чисто грло и јасен глас. Исто така е идеален лек против болки во грлото, една лажичка е доволна за да осетите инстантно подобрување.
Воспаление на ушите
Доколку имате имате инфекција или болки во ушите, најдобар лек за инстантно смирување е загреано маслиново масло во комбинација со сок од лук.
Мастика во коса
Доколку ви се случи да ви се залепи мастика на коса или некој друг предмет не очајувајте. Доволно е само да нанесете маслиново масло врз мастиката, да почекате 10 минути и едноставно да ја извадите.
Одлепување на налепници
Натапкајте ја налепницата со маслиново масло, почекајте 5 минути и налепницата сама ќе отпадне.

1 Comment
SKOJA CEST ZA OBJAVENATA STATIJA