Art & Crafts

Освежете го автомобилот за време на летните горештини…

Да ја задржите свежината и пријатниот мирис во Вашиот „ убавец “, не е ни малку лесна работа, особено кога живата на термометарот покажува над 35 степени, а Вие секојдневно поминувате време во Вашиот автомобил или се подготвувате за пат, а Ве чека долго возење…

Со неколку можеби малку невообичаени, а евтини трикови, би можеле позади воланот, да се чувствувате како во сопствениот стан…

1. Искористете ја миризливата сол за бањање – Ставете неколку лажици миризлива сол во цедилка за чај и оставете ја во касетата во Вашиот автомобил. На овој начин, секогаш кога ќе посегнете по авто картичката или, CD – то, ќе Ве обземе бран свежина, од инаку загушливата касета.

2.Сами направете миризлива свеќа – Мирисот на Вашиот дом можете да го понесете со себе. Својата омилена миризлива свеќа, раситнете ја и  помешајте ја со листови од лаванда и неколку каранфилчиња и ставете ги во тегла. Не заборавајте на капачето да направите дупчиња преку кои мирисот ќе се шири. Садот чувајте во го близина, за во текот на возењето да го почувствувате убавиот мирис.

3.Со зачински билки против непријатниот мирис – Наместо на чинивче, гранче босилок и рузмарин ставете на задното седиште од Вашиот автомобил. Свежите билки замотајте ги во хартија од весник и оставете ги да се исушат за време на возењето. Неколку пати, отворете ги прозорците, за мирисот од билките да ги отрстрани непријатните мириси.

4.Шејк од лимон и етерични маска – за подолга свежина – Исцедете лимон во стаклено шишенце, додајте неколку капки етерично масло , протресете и капнете неколку капки од оваа смеса на подот од автомобилот. Чувајте го шишенцето и истото повторете го кога мирисот ќе изветрее. На овој начин, свежината ќе трае подолго.

Напиши коментар