Многу вкусна салата која поради својот богат состав може да послужи како основно јадење. Еве што се ви е потребно:
5-6 компири
100 гр сирење
100 гр кашкавал
200 гр мајонез
2-3 јајца
300 гр слатка пченка од конзерва
5-6 кисели краставички
100 -200 гр шунка
Во голема чинија една по една се рендаат намирниците почнувајќи по следниот редослед: сварениот компир, сирењето, кашкавалот, шунката, јајцата, киселите краставички, пченката, и се додава малку од мајонезот и така се подредуваат се додека не се потрошат намирниците. Најгоре се декорира со црни или зелени маслинки. Се сервира ладна, исечена со форма на тријаголник.
