Оставете ги класичните рецепти за маргарита на аматерите, а вие уживајте во уникатните. Направени од свежо овошје и квалитетна текила, овие рецепти не се обични, тие се едноставно вкусни.
Грејпфрут маргарита
За 2 лица
3 чашки квалитетна текила
2 зелени лимони убаво исцедени
Сок од гејпфрут
Шеќер
Свеж грејпфрут
Мраз
Во блендер ставете мраз, текила, зелениот лимон и сокот од грејпфрут. Мешајте добро. Ставете ја течноста во чаши, кои предходно на рабовите сте ставиле шеќер. Ставете свеж грејпфут и уживајте.
Папаја маргарита
За две лица
½ шоља шеќер
½ шоља вода
1 до 2 средни по големина папаја, со семки и исечени на коцки
1/3 квалитетна текила
1 голема лажица сок од зелен лимон
Во мал сад ставете го шеќерот и водата да се сварат но само на 2 минути а потоа тргнете ги. Ставете ја смесата во миксер или блендер. Ставете ја папајата, сокот од зелен лимон и текилата, мешајте додека не се изедначи. Можете да ставите кршен мраз и да украсите со зелен лимон.