Искористете ја сезоната на дињите и пробајте го овој навистина вкусен пијалок. Најчесто ни останува дел од дињата што не сме ја изеле, па затоа искористете го парчето и насладете се на новиот вкус на дињата. Се приготвува мошне лесно. Еве што ви треба:
250 гр диња
Сок од еден лимон
1-2 супени лажици кафеав шеќер
1 пакетче ванила
400 мл свежо млеко
Дињата се сече на парчиња и се обработува со миксер или друг прибор за да се добие течно пире. Млекото треба да биде студено. Се додаваат и останатите намирници во садот и се заедно повторно се меша за смесата добро да се изедначи. Се сервира во високи чаши на кои претходно рабовите се намачкани со парче лимон и се потопени во кристалчиња кафеав шеќер. Фрапето е многу освежително, а освен тоа е преполно со витамини и минерали.
