Потребни состојки:
- 300мл мајонез
- 3 компири
- мала главица кромид
- 200гр кашкавал
- свежа краставица
- 100гр пченка
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Излупете го компирот, исечете го на коцки и сварете го во солена вода, внимателно да не се превари. Кашкавалот исечете го на тенки правоаголници. Кромидот исецкајте го на ситни коцки, а краставицата добро измијте ја, отстранете ја средината со семињата и исечете на коцки. Во поголем сад све помешајте со мајонез и зачинете по вкус.