За сите љубители на природата, со откривме совршениот дом. Станува збор за интересен и фасцинантен проект во Мексико, кој се состои од дрвени куќи опкружени со приватна градина, која остава без здив.
Valle de Bravo, град во Мексико, стана дом на еден фасцинантен проект кој го сочинуваат четири дрвени куќички поврзани со прекрасна градина. Во овој проект природата не претаставува украс, како што тоа е случај кај повеќето вили, тука градината живее заедно со нив, создавајќи атмосфера и допир на потребната егзотика.
Прозорите од таванот до подот, даваат една посебна перспектива, додека внатрешноста е уредена многу едноставно и функционално. Спалните соби кои се наоѓаат на горното ниво овозможуваат прекрасен поглед на шумата околу себе.
Секоја куќа има три спрата и градини на покривот. Кој не би избрал толку егзотичен дом и романтична атмосфера за себе и својата партенрка?! Само замислете…