← НАЗАД НА БОЗА

Колач со кајсии

Колач со кајсии
1238 Читања

Потребни состојки:

За кора

250гр мелени бисквити

100гр путер

2 лажици рум

1 лажичка цимет

За крем:

600мл млеко

6 лажици густин или брашно

4 лажици шеќер

125гр путер или маргарин

За декорација:

200гр кајсии

2 лажици шеќер

1 касичка желатин

Начин на подготовка:

Мелен бисквит, парчиња ладен путер, рум и цимет добро изматете ги и распоредете на тава. Ставете во фрижидер добро да се стегне. Густинот/ брашното и шеќер изматете го во 100мл млеко, а преостанатото млеко ставете го да се вари. Кога млекото ќе зоврие, полека додадете го изматениот густин и мешајте додека не се згусне. Додека е топол кремот соединете го со путер или маргарин. Кога кремот ќе се олади премачкајте ги коритеод мелен бисквит.  Растопете желатин на тивок оган, додадете шеќер и кајсии исечени на парчиња и истурете ги врз кремот. Оладената торта исечете ја на коцки. Добар апетит.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk