Отсекогаш не развеселувал некој познат вкус од детството… токму денешниот рецепт е еден кој верувајте не сте го заборавиле никогаш!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За кора:
7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
1 децилитар млеко
За крем:
7 жолчки
7 лажици шеќер
3 лажици ванилин шеќер
6 лажици брашно
7,5 децилитри млеко
250 грама путер или маргарин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете шлаг од состојките и добиената смеса печете ја на 160 степени Целзиусови 15 до 20 минути. Кога ќе се испече, се уште врел колачот испрескајте го со 1 децилитар врело млеко.
Жолчките, шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното измешајте ги убаво со жица за матење.
Млекото ставете го на среден оган и кога ќе почне да врие пополека додавајте ја смесата од жолчки и варете 5 минути. По 2 до 3 минути кремот ќе се згусне но продолжете да варите. По 5 минути кремот тргнете го од оган и оставете го да се олади.
Пенесто изматете го маргаринот и во него лажица по лажица додадете го кремот.
Со добиениот крем премачкај те го оладениот бисквит и ставете го во фрижидер околу 1 час малку да се затегне.
Декорирајте по желба.
Уживајте!!!