ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 јајца
* 200гр шеќер
* 130гр путер
* 65гр нишесте
* 250гр брашно
* сок од два лимона и изреднаданата кора
* 70мл млеко
* 1 канче кисело млеко
* малку сол
* 1 пециво
* шеќер во прав за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад го мешаме шеќерот заедно со лимоновата кора.
- Ги додаваме јајцата, млекото, киселото млеко, сокот од лимон и путерот. Матиме додека да се направи крем.
- Постепено го додаваме брашното, нишестето и прашокот за пециво, матејќи така, да се добие меко и пуфкасто тесто.
- Смесата ја ставаме во тава и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
- Го вадиме колачот од рерна и го посипуваме со шеќер во прав.
- Гарнираме со свежо овошје и сладолед.

1 Comment
SUPER KOLACH!