Мојата кујна

Вкусен и ароматичен колач со лимон

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 јајца

* 200гр шеќер

* 130гр путер

* 65гр нишесте

* 250гр брашно

* сок од два лимона и изреднаданата кора

* 70мл млеко

* 1 канче кисело млеко

* малку сол

* 1 пециво

* шеќер во прав за попрскување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Во еден сад го мешаме шеќерот заедно со лимоновата кора.
  • Ги додаваме јајцата, млекото, киселото млеко, сокот од лимон и путерот. Матиме додека да се направи крем.
  • Постепено го додаваме брашното, нишестето и прашокот за пециво, матејќи така, да се добие меко и пуфкасто тесто.
  • Смесата ја ставаме во тава и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
  • Го вадиме колачот од рерна и го посипуваме со шеќер во прав.
  • Гарнираме со свежо овошје и сладолед.

1 Comment

Reply To sonja Cancel Reply