Спорт

Касиљас го прекина рекордот кој траеше 952 минути!

Реал во Гелзенкирхен против Шалке победи со 6-1, а Касиљас го прими првиот гол после 952 минути поминати на терен без примен гол. Холанѓанецот во судиското надополнување на времето со волеј од 18 метри ја затресе мрежата на Реал, постигнувајќи еден од најубавите голови во сезоната.

Касиљас оваа сезона брани само во натпреварите во Купот на Кралот и во Лигата на шампиони, а последен пат имаше примено гол дури на 27.ноември минатата година, против Галатасарај на „Сантијаго Бернабеу“.

Касиљас има можност да стане апсолутен рекордер во Купот на Кралот доколку не прими гол во финалето против Барселона, тогаш тој би станал првиот голман кој на сите осум натпревари во ова натпреварување останал несовладан.

Write A Comment