Спорт

Поразени ракоментарките од Вардар

Лошото прво полувреме во кое одиграа без доза на агресивност во одбраната и без решенија во нападот, придонесоа за пораз на избраничките на Индира Кастратовиќ. Покрај лошата организација на нападите, во првото полувреме Вардарки имаа проблеми и со голманката на Митјиланд Сабине Енглерт, која во првите 30 минути имаше 12 интервенции.

Девојките, предводени од Амадин Лејно која блескаше на голот во второто полувреме и Андреа Лекиќ која ги водеше сите напади, со трпелива игра стигнаа на негатива од само еден гол (24:23) на четири минути до крајот, но немаа сили за целосен пресврт.

Напиши коментар