Иако Антиќ не се врати во Атланта, тоа не му помогна на тимот да го избегне поразот во Портланд од 102:78. Македонецот на теренот помина 16 минути и имаше постигнато 10 поени, четири скока и три загубени топки.
Најефикасен во редовите на Атланта беше Картие Мартин со 16 поени, додека Портланд до победата ги предводеше Николас Батум кој имаше учинок од 14 поени и 18 скокови.
Атланта во досегашниот дел од сезоната има учинок од 26 победи и 33 порази.
httpv://www.youtube.com/watch?v=u_TNUwMHwqo
