Спорт

Антиќ со зборови го растресе Олимпијакос!

Aнтиќ со коментарите на социјалната мрежа го прозвал тренерот на клубот Јоргос Барцокас, а причината за ова се уште не е позната.

„Олимпијакос не е Барцокас или Антиќ. Тоа е клуб со голема историја!“

„Ја секогаш сум давал се од себе за Олимпијакос, но никогаш не сум потпишал за некој друг клуб пред да заврши сезоната. А некој потпиша за Фенербахче пред финалето. Така можете да видите кој го сака Олимпијакос, а кој го користи поради парите. Дуда Ивковиќ го напушти тимот и му ја остави на автопилотот и повторно ја освоивме Евролигата, тоа е вистината ! Јас стојам зад моите зборови“, напишал Антиќ, а подоцна се обидел да ги објасни првиот твит.

„Не сакам да му правам проблеми на клубот со своите твитови. Семејството Ангелопулос вложува многу, навивачите исто така, како и Спанули, Перпероглу, Принтезис и останатите момци. Јас сум само поранеше играч, луд навивач и го кажувам она што го чувствувам. Сакам да го видам Олимпијакос како ја крева титулата во Милано, трет пат во низа“, дополнил Антиќ.

Напиши коментар